Петар Печков
Објавено: вторник, 26 јануари 2010
Предлогот за задолжување на општината ги скара советниците од власта и опозицијата во локалната власт на Велес. Многу аргументи за и против беа изнесени по идејата општината да се задолжи за да се изгради водоводна мрежа за станбените објекти лоцирани во околината на езерото Младост. Опозициската СДСм сметаше дека нема потреба сите граѓани да се задолжуваат за неколку објекти изградени околу ова излетничко место, додека владеачката ВМРО-ДПМНЕ со став дека тоа ќе придонесе за развој на општинат?.
- Не гледам причина дека педесет илјади жители треба да се задолжат за да се изгради водоводна мрежа за неколку викендички кои таму се изградени. Дали треба сите граѓани да ја плаќаме цената за неколку десетина објекти кои таму се подигнати. Зошто да не помогнеме на руралните средини, наместо на ова категориј граѓани – рече Весна Стојановска Богоевска од СДСМ. Нејзините колеги од власта ги понудија аргументите дека проектот за доведување на квалитетна вода за пиење, за објектите околу езеро Младост ќе придонесе за развој на општината а со квалитетна вода ќе бидат снабдени и двата мотели.
- Овој проект е развоен никако не може да се смета како трошок и товар за општината. Ако сакаме да привлечеме туристи и инвеститори за бројните парцели кои се нудат за продАжба мора да имаме изградена инфраструктура – изјави Томе ЈанЕвски советник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека државата ги нуди на продажба плацевите наменети за изградба на неколку хотели, мотели и автокамп покрај бреговите на езеро Младост, за кои ќе биде потребно да се донесе квалитетна вода за пиење, доколку се сака општината да има прилив на туристи. Градоначалникот Петров со објаснување дека овој проект нема да биде товар на сите граѓани, на сметка на неколкумина корисници кои живеат околу езерото.
- Преку надоместокот за комуналии, за изградената водоводна мрежа, кои ќе го плаќаат сопствениците на овие викендички, ќе се полни локалниот Буџет од што ќе имаат корист сите граѓани и општината. Проектот за водоснабдување не е за една целна група, како што велите викендашите, од ова корист може да имаат сите гости на езерото и сите жители на општината – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. По ова беше изгласана нацрт одлуката за задолжување на општина Велес во висина од 90 милиони денари и по неа во наредниот период, преку трибини ќе можат својот збор да го кажат граѓаните на Велес, дали се согласуваат или не. Со неа се предвидува и подобрување на енергетската ефикасност со замена на постоечките со нови штедливи електрични светилки, што не е спорно за советниците и кои овој проект го поддржаа.

Tweet |